Анџела Прајс Агелер потврдена за нова амбасадорка на САД во земјава
Таа доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата американска амбасадор во Скопје од 2019-та година. Новата американска амбасадорка Анџела Прајс Агелер е дипломат од кариера, претходно има работено на многу функции во Стејт департментот, меѓу кои и во Американската амбасада во Скопје, задолжена за односи со јавност...

Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во земјава, објави на Твитер демократското мнозинство во Сенатот. Таа доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата американска амбасадор во Скопје од 2019-та година.
Минатата недела, Сенатската комисија за надворешни работи имаше сослушување за номинацијата на Прајс Агелер, на кое таа најави дека работи да и помогне на Северна Македонија да развие национална стратегија, со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери.
Новата американска амбасадорка Анџела Прајс Агелер е дипломат од кариера, претходно има работено на многу функции во Стејт департментот, меѓу кои и во Американската амбасада во Скопје, задолжена за односи со јавност.
