Средба на министерот Сали со Коалицијата „Менуваме“
На состанокот е предвидено да се разговара за ортопедските помагала за деца и лица со попречен вид кои треба да бидат на товар на Фондот како што е: белото стапче, мерач за притисок, мерач за шеќер и топломери за деца и возрасни, соопштуваат од Коалицијата „Менуваме“...

Претставници на Коалицијата „Менуваме“, денеска треба да имаат средба со министерот за здравство Беким Сали, на која ќе се разговара за проблемите со кои се соочуваат лицата со попречен вид.
На состанокот е предвидено да се разговара за ортопедските помагала за деца и лица со попречен вид кои треба да бидат на товар на Фондот како што е: белото стапче, мерач за притисок, мерач за шеќер и топломери за деца и возрасни, соопштуваат од Коалицијата „Менуваме“. Додаваат, дека ќе се разговара и за создавање на електронски регистар за деца и лица со попреченост, поврзано со Министерствата за труд и социјална политика, здравство, образование и наука, како и со Министерството за транспорт и врски.
