Тајван: Кинеските воени бродови и авиони ја преминаа линијата на раздвојување
Министерството за одбрана на Тајван тврди дека кинеските воени бродови и авиони ја преминале линијата на раздвојување во Тајванскиот теснец. Државниот врв изрази подготвеност за војување доколку биде неопходно, нагласувајќи дека нема да дозволат изолација на островот...

Министерството за одбрана на Тајван тврди дека кинеските воени бродови и авиони ја преминале линијата на раздвојување во Тајванскиот теснец. Државниот врв изрази подготвеност за војување доколку биде неопходно, нагласувајќи дека нема да дозволат изолација на островот. Воздухопловната патрола и морската флота се во состојба на готовност, а распоредени се и копнени ракетни системи.
„Сите офицери и војници се целосно подготвени да се справат со секаков вид на сложени и тешки ситуации и постојано ги подобруваат капацитетите за битка во секое време, навремено лансирање на ракети и ефективно уништување на цели. Ќе се бориме според наредбите, ќе ја завршиме мисијата борбените задачи и ќе пружиме отпор на сите обиди од надворешните сили и сепаратистите за т.н. независност на Тајван“, изјави командирот на кинеската војска, Рен Јанг.
Тензиите во регионот се зголемија по посетата на Тајван од претседателката на американскиот Претставнички дом Пелоси.
„Кинезите си ги изведоа ударите, веројатно користејќи ја мојата посета како изговор за тоа. Дозволете да ви објаснам. Тие можеби ќе продолжат да се обидуваат да го изолираат Тајван од посета или учество на други места, но нема да го изолираат преку спречување на нашите патувања таму“, изјави Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом на САД.
На крајот на посетата на Индо-Пацификот, Пелоси во Токио изјави дека САД од почетокот нагласиле дека посетата на американската делегација на Тајван нема за цел да го смени статус квото во Азија или на островот.
