Полска: Мигрантите од Африка, дел од хибридната војна на Русија
Поголемиот дел од мигрантите кои сакале илегално да влезат во Полска биле од Африка, а не од Блискиот исток, и истите претходно биле во Русија. Владата на Варшава ја опиша миграцијата како дел од хибридна операција чија цел е дестабилизација на источниот крило на НАТО...

Полските власти соопштија дека регистрирале промени во миграцијата преку границата со Белорусија. Поголемиот дел од оние кои сакале илегално да влезат во Полска биле од Африка, а не од Блискиот исток, и истите претходно биле во Русија.
Владата на Варшава ја опиша миграцијата како дел од хибридна операција чија цел е дестабилизација на источниот крило на НАТО. Од минатото лето, мигранти и баратели на азил се обидуваат да преминат од Белорусија во Полска, Литванија и Летонија. Овие земји ги задржуваа или враќаа назад, а Полска неодамна го заврши граничниот ѕид долг 186 километри.
