Балкан

Средба Вучиќ - Курти во Брисел на 18 август

05.08.2022 10:44

За прв пат по повеќе од една година, Александар Вучиќ и Албин Курти ќе разговараат за дијалогот меѓу Приштина и Белград. Односите беа влошени откако Приштина постави блокади пред да стапи на сила одлуката на Владата на Косово, за издавање документи за влез-излез за српските државјани и за промена на српските регистарски таблички...

Следната рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово на највисоко политичко ниво ќе се одржи на 18-ти август во Брисел.

За прв пат по повеќе од една година, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе разговараат за дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Односите беа влошени откако Приштина постави блокади пред да стапи на сила одлуката на Владата на Косово, за издавање документи за влез-излез за српските државјани и за промена на српските регистарски таблички. По дипломатската интервенција на Вашингтон, Владата најави дека ќе го одложи спроведувањето на одлуките кога ќе бидат отстранети блокадите.