Одземените возила од криумчарите го полнат прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија
Возилата со месеци никој не ги отстранува, а истите се потенцијална опасност, не само за мигрантите на кампот, туку и полициските и армиските припадници кои се секојдневно таму. Од Центарот за управување со кризи – Гевгелија, предупредуваат дека на високите температури постои опасност возилата и да се запалат…

Комбиња, автомобили, шлепери па дури и автобуси се само дел од возниот парк заглавен на ТЦ Винојуг кај Гевгелија. Овие возила се одземени при обид криумчарите нелегално да ги превезат мигрантите кои влегуваат на територија на Македонија да ги превезат кон северната граница. Возилата се заглавени со месеци, а некои и со години. Од ЦУК Гевгелија велат дека нивниот број се зголемува од ден на ден и буквално го попречуваат нормалното функционирање на кампот.
Безбедносните ризици кои ги носат возилата паркирани на кампот е еден од најголемите проблеми. Прашање на време е кога ситуацијата би ескалирала.
Безбедносните ризици кои ги носат возилата паркирани на кампот е еден од најголемите проблеми. Прашање на време е кога ситуацијата би ескалирала.
Во текот на вчерашниот ден ги контактиравме од Агенцијата за одземен имот, кои прецизираат дека возилата кои се одземени од страна на МВР по различни основи, во случајов од криумчарите и кои се сместени во ВИНОЈУГ, треба прво да добијат судска разрешница, односно по затворање на делото криумчарење, ќе се знае дали возилата ќе се вратат кај сопственикот или ќе припаднат на Агенцијата. Но, до кога овие возила ќе стојат на кампот и ќе носат ризици никој не ни одговори.
Стојне Митева
