Свет

САД прогласија вонредна состојба поради ширење на мајмунски сипаници

05.08.2022 11:48

Одлуката беше соопштена на брифинг во Министерството за здравство, кое деновиве беше обвинето дека не се справува на вистински начин со епидемијата на мајмунски сипаници и со тоа овозможува ширење на болеста...

Соединетите Американски Држави прогласија вонредна состојба во јавното здравство за да го засилат одговорот на епидемијата на мајмунски сипаници. Досега се инфицирани над 6.600 американци.

Одлуката беше соопштена на брифинг во Министерството за здравство, кое деновиве беше обвинето дека не се справува на вистински начин со епидемијата на мајмунски сипаници и со тоа овозможува ширење на болеста.

Владата ќе ослободи федерални пари и други ресурси за борба против вирусот. Администрацијата на претседателот Бајден се соочи со критики поради недостапност на вакцината.