Тајван забрзано ја зголемува воената готовност
Во Тајван издадено предупредување откако Министерството за одбрана соопшти дека кинески летала и бродови изутринава ја преминале линијата на раздвојување во Тајванскиот теснец. Островот кого Кина го смета за своја територија забрзано ја зголемува воената готовност, а на амриканската претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и воведе санкции...

Министерството за одбрана на Тајван тврди дека кинеските воени бродови и авиони ја преминале линијата на раздвојување во Тајванскиот теснец. Државниот врв изрази подготвеност за војување доколку биде неопходно, нагласувајќи дека нема да дозволат изолација на островот. Воздухопловната патрола и морската флота се во состојба на готовност, а распоредени се и копнени ракетни системи.
„Сите офицери и војници се целосно подготвени да се справат со секаков вид на сложени и тешки ситуации, и постојано ги подобруваат капацитетите за битка во секое време, навремено лансирање на ракети и ефективно уништување на цели. Ќе се бориме според наредбите, ќе ја завршиме мисијата, борбените задачи и ќе пружиме отпор на сите обиди од надворешните сили и сепаратистите за т.н. независност на Тајван“, изјави Рен Јанг, командир на кинеската војска.
Односите во Индо-Пацификот се влошија откако претседателката на американскиот Претставнички дом Пелоси го посети Тајван. Кризата е тема и на самитот на АСЕАН во Камбоџа.
„Нема оправдување за овој радикален, непропорционален и ескалирачки воен одговор. Ништо не е сменето во нашата политика за Кина која се базира на Актот за односи со Тајван, три соопштенија и шест гаранции. Не сакаме еднострани промени на статус квото. Не поддржуваме независен Тајван. Очекуваме разликите од двете страни на Теснецот да бидат решени на мирен начин“, порача Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
Тензии, но и туристи во Тајванскиот теснец. Воените маневри на Кина – атракција за туристите.
„Кина е моќна земја и нема да дозволи некој да ја нападне нејзината територија“.
„Ние сме сограѓани, се надеваме дека ќе живееме во мир. Не сакам да видам силен меѓусебен отпор“.
„Народот се вознемири поради посетата на Пелоси. Потоа со воени маневри ја преминавме таканаречената средна линија во Теснецот, а вчера наши проектили го надлетаа Тајван, што ни дава чувство дека нашата татковина е многу силна и ни дава самодоверба дека враќањето на Тајван е неодолив тренд“.
Вежбите треба да траат до недела и се сметаат за најголемите одржани во близина на Тајван.
Маја С. Филдишев
