Колење на добитокот со ветеринарна контрола

16.04.2014 09:44

Месото во трговијата мора да биде набавено единствено од регистрираните кланици. На фармерите им е дозволено домашното колење,но само за сопствени потреби

Од 500 до 5.000 евра се казните за колење добитокот во домашни услови без претходен преглед од овластен ветеринар. Фармерите мораат да го пријават колењето и да го користат исклучиво за сопствена  потреба.

Лани во домашни услови биле заклани 21.000 глави  добиток и тоа најмногу свињи,а во кланиците   околу 10 илјади говеда.

Во трговијата месото мора да биде од добиток заклан во кланици со декларација.

Сите животни што доаѓаат во кланицата мора  имаат  уверение од ветеринар, дека се прегледани и здрави.

Земјоделците велат дека инспекциите се постојано на терен и веќе има намалување на така нареченото диво колење.