Македонија

Муареми: Од понеделник кривични пријави против обвинители

05.08.2022 13:22

Пресметката меѓу шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и првиот човек на Финансиската полиција ескалираше , откако Муареми најави кривични против обвинители. Русковска побара реакција од меѓународниот фактор поради притисоците врз неа од владиниот функционер...

Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми информира дека од понеделник се очекува да ги поднесе најавените  кривични пријави против обвинители. 

Пресметката меѓу шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и првиот човек на Финансиската полиција ескалираше ,  откако Муареми најави кривични против обвинители. Русковска побара реакција од меѓународниот фактор поради притисоците врз неа од владиниот функционер. Таа излезе со став - во оваа држава е потребно, еднаш засекогаш да се проверат сите факти и да се расчисти кој се бори против криминалот, а кој го прави криминалот. Муареми пак и порача , ако располага со сознанија и докази да поднесе обвинение против него.

По повикот на Русковска од канцеларијата на Европската унија во земјава посочија дека  ги следат сите поврзани случувања , но велат ова е прашање кое треба да го решат  надлежните органи.