Зголемен број карциноми и мозочни удари во струшкиот регион
Зголемен бројот на мозочни удари и карциноми во струшко. Лекарите велат годинава, забележителни се и минливи пост ковид компликации како воспаление на срцевиот мускул и градна болка кои се лекуваат со лесна терапија...

Зголемен број на мозочни удари во струшкиот регион. Забележително е зголемување и на бројот на заболени од карцином. Особено загрижува тоа што е намалена старосната граница, овие болести се дијагностицираат кај помлади пациенти
Лекарите велат засега нема студии дали има поврзаност на овие здравствени проблеми со корона вирусот.
„Имаме зголемена инциденца на мозочни удари. Не можеме да донесеме заклучок, бидејќи уште немаме релевантни студии, барем јас немам такви информации. Последниве две години симптоматично е дали короната беше причината овде во мојот регион има зголемен број и на карциноми на желудник. Само лани во Лабуништа се детектирани пет случаи‘, вели д-р Аладин Демишоски, интернист од Здравствен дом Вевчани.
Лекарите велат забележителни се и минливи пост ковид компликации како воспаление на срцевиот мускул и градна болка, кои се лекуваат со лесна терапија.
„Тоа се постковид компликации кои не се страшни, меѓутоа има мускулни болки, чувство на замор, намалена кондиција што имаме забележано многу случаи на грбни болки кои се почести. Повремени градни болки тука ни доаѓаат уплашени пациенти дека е од срцева природа, меѓутоа не се опасни во суштина“, додава Демишоски.
Голем број пациенти во регионот се соочуваат со малигни и бенигни заболувања. Најчесто се дијагностицираат карциноми на желудник, бели дробови, простата и дојка.
Соња Рилковска
