Здравство

Во едно деноноќие околу 300 повици во Итната медицинска помош

05.08.2022 15:13

За 24 часа околу 300 повици во Итната медицинска помош. Најмногу се јавуваат граѓаните кои имаат поизразени сипмтоми на Ковид-19 и хронично болните. Лекарите предупредуваат дека топлото време е причина за колапси, но и за зголемен број сообраќајни незгоди. Апелираат граѓаните да бидат внимателни...

Иако овој сој дава полесна клиничка слика, во Итната медицинска помош не престануваат да ѕвонат пациенти со коронавирус кои бараат лекарска помош. Висока температура, колапси, најчеста причина за јавување.

Лекарката Неделковска вели дека им се јавуваат пациентите кои прележале ковид, а не се чувствуваат добро, со здравствени проблеми кои дотогаш ги немале. За совети овие граѓани можат да се јават на бесплатниот телефон 15123. Освен на пациентите со Ковид и хронично болните, лекарите од Итна медицинска помош им помагаат на повредените во сообраќајните несреќи.

Околу 300 пати во едно деноноќие ѕвони телефонот во скопската Итна медицинска помош. Во просек имаат од 90 до 120 интервенции на терен.

Наташа Јанчиќ Менковски