Уапсен владин функционер за примање поткуп
16.04.2014 09:55
Според првичните информации станува збор за вработен во владината Агенција за поддршка на земјоделството...

Полицијата уапсила владин функционер осомничен дека примал поткуп за давање субвенции.
Според првичните информации станува збор за вработен во владината Агенција за поддршка на земјоделството, а се сомничи дека барал поткуп за да исплати помош, која и така им следува на земјоделците во согласност со законите.
Од МВР за денеска веќе најавија прес-конференција на која ќе дадат повеќе информации за случај со примање поткуп, но не откриваат дали станува збор за истиот случај.
Претходно полицијата документираше уште еден случај со злоупотреба на средства во земјоделието. Во акцијата „Тера“ паднаа 7 лица меѓу кои и инспектор во Министерството за земјоделство под сомнение за злоупотреба на субвенциите за јагниња.
