Прилеп

Почна да стигнува помошта за четирите семејства кои ги загубија домовите во пожар

05.08.2022 15:27

Почна да стигнува помошта за четирите семејства кои ги загубија домовите во пожарот по удар на гром пред една недела. Од седумте прилепчани кои станаа бездомници еден е сместен во старскиот дом, другите се под кирија. Од помошта на заедницата ќе зависи дали ладното време ќе го пречекаат под покрив...

Расчистени пеплишта, наталожени тага, болка и неизвесност. Една недела по ударот на гром кој четири семејства претвори во бездомници, посилно тлее потребата за подадена рака.

Достоинството замина преку запалениот прозорец за да се изгради нов живот. Еден од седумтемина, инвалид, е сместен во старскиот дом, другите станаа кираџии.

Помошта од добронамерниците стигнува, од општината сè уште се со најави за урбанистички одлуки.

Прилепските фризери, козметичари и бербери со конкретна акција среде град и поттик за хуманост.

Дали студеното време ќе ги најде под покрив четирите семејства, ќе зависи од помошта на заедницата.

Елизабета Митреска