Почина актерот Митко Апостоловски
Театарската публика ќе го памети по неговите маестрални улоги: Фезлиев ("Црнила"), Војдан ("Тетовирани души се враќаат дома"), Креонт ("Медеја"), Дидро ("Развратникот")...

Во 67-та година од животот денеска почина познатиот македонски актер Митко Апостоловски, доајен на македонското глумиште.
„Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме“, објави Битолски театар.
Митко С. Апостоловски е роден во Битола во 1955 година, а дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, Отсек за драмски глумци. Потоа една година работел во Народниот театар во Битола и 15 години во Наридниот театар во Куманово, а од 1995 пак во Битолскиот театар.
Театарската публика ќе го памети по неговите маестрални улоги: Фезлиев ("Црнила"), Војдан ("Тетовирани души се враќаат дома"), Креонт ("Медеја"), Дидро ("Развратникот")...
Беше дел од актерската екипа и на познатите ТВ серии: "Наши години", "Илинден", "Белото циганче", "Тврдокорни". Неговата актерска кариера ја одбележаа и бројни филмски улоги во:"Бог да ги убие шпионите", "Заборавени", "Големата вода", "Трето полувреме", "До балчак", "Последниот македонец" и други.
