ДИК во полн состав
ДИК повторно во полн состав . Од понеделник новиот Претседател, ќе го испие кафето со членовите од комисијата и најавува дека ќе го даде максимумот за подобро функционирање на Комисијата и за расчистувањето на контраверзиите поврзани со Избирачкиот список
Од партијата, вели има слобода, за да работи исклучиво почитувајќи го уставот и законите. Има намера да ја прекине практиката на двацата претходници Новаковски и Кондарко коишто предвреме се збогуваа од функцијата.

Првата обврска на Рилковски во неговиот четиригодишен мандат ќе биде организирањето на претседателските избори во март . Верува во професионалноста и искуството на неговите колеги ,но најави и дека нема време за губење за да бидат максимално подготвени за изборниот процес .