Свет

Путин- Ердоган: Дотекот со гас не е прекинат единствено поради Анкара

05.08.2022 17:57

Турскиот поток функционира без проблем и за тоа Европа треба да ѝ биде благодарна на Анкара, рече рускиот претседател Путин...

Турскиот поток функционира без проблем и за тоа Европа треба да ѝ биде благодарна на Анкара, рече рускиот претседател Путин по средбата со турскиот колега Ердоган во Сочи.

Ова се однесува пред сè на европските потрошувачи, рече Путин бидејќи дотекот со гас не е прекинат единствено поради Анкара.

Извозот на руската храна и на ѓубривата исто така се транспортираат без прекин за земјите во развој, изјавил Путин, заблагодарувајќи му уште еднаш на претседателот Ердоган.