Здравство

739 нови случаи со Ковид-19, починато едно лице

05.08.2022 19:14

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, на починати е 9.388, а бројот на активни случаи изнесува 4.218.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.570 тестови, а регистрирани се нови 739 случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 262, Битола – 55, Куманово – 40, Кавадарци – 37, Охрид – 35, Прилеп, Тетово и Велес – по 28, Гостивар и Штип – по 24, Струмица, Струга и Радовиш – по 19, Неготино – 14, Кичево, Кочани и Свети Николе – по 13, Ресен – 12, Крива Паланка – 10, Гевгелија – 8, Делчево, Богданци и Кратово – по 5, Берово, Виница, Крушево, и Демир Хисар – по 4, Демир Капија – 3, Дебар и Дојран – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (739), регистрирани се 153 реинфекции. Регистрирани сe 659 оздравени пациенти.  

Во текот на изминатите 24 часа е пријавено едно починато лице од Скопје (73г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се  регистрирани  починати лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.755, бројот на оздравени пациенти е 317.149, на починати е 9.388, а бројот на активни случаи изнесува 4.218.

Досега во земјата се направени вкупно 2.125.150 тестирања на КОВИД-19.