Воен конфликт

Полициски час во Николаев заради разоткривање на соработниците на руските сили

05.08.2022 19:55

Западни медиуми пренесуваат дека долгиот полициски час е воведен поради обидот на властите да ги пронајдат соработниците на руските сили,

Украинскиот град Николаев воведе невообичаено долг полициски час од денеска во 23 часот до 05 часот во понеделник, соопшти Виталиј Ким, регионалниот гувернер на регионот Николаев.

Во објавата на Телеграм, како што пренесува Укринформ, тој побара од граѓаните да имаат разбирање за ваквите мерки, да го испланираат претстојниот викенд и да извршат набавки за два дена.

Западни медиуми пренесуваат дека долгиот полициски час е воведен поради обидот на властите да ги пронајдат соработниците на руските сили,

Градот беше гранатиран за време на руската инвазија која започна на 24 февруари. Се наоѓа во близина на деловите окупирани од Русија на стратешки важната област Херсон, каде Украина планира да започне контраофанзива.