МВР

183 санкционирани возачи во Скопје

06.08.2022 09:38

На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, соопштуваат од МВР.