ТАЈВАН

Тајпеј: Кинески авиони симулираат напад

06.08.2022 09:50

Тајпеј тврди, кинески авиони и бродови симулираат напад на главниот тајвански остров. Пекинг се брани, маневрите се професионални и транспарентни, и во согласност со домашните и меѓународните закони. Бројот на зони околу Тајван во кои се изведуваат вежбите се зголеми на седум...

Тајпеј тврди, кинески авиони и бродови симулираат напад на главниот тајвански остров. Пекинг се брани, маневрите се професионални и транспарентни, и во согласност со домашните и меѓународните закони. Бројот на зони околу Тајван во кои се изведуваат вежбите се зголеми на седум. Најновата криза во Индопацификот почна по посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси којашто не беше одобрена од страна на Кина. Пекинг инсистира меѓународната заедница да одговори на притисокот од САД.

Ако го игнорираме мешањето во нашите внатрешни работи, светот ќе му се врати на законот на џунглата, а Вашингтон безобѕирно ќе користи сила да ги малтретира другите земји. Не можеме да им дозволиме на САД повторно да преземат такви чекори“, изјави Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина.

Вежбите траат до утре, а Јапонија и другите членки на Г7 ја повикаа Кина да ги запре маневрите во Тајванскиот теснец за да не биде нарушена стабилноста во регионот. Пекинг одговори со контрамерки против САД, вклучувајќи и санкции за Пелоси и нејзиното потесно семејство.