Украина: Се разгорува источниот фронт, шансите за мировно решение се минимални
Според официјални лица, шансите за успешен дијалог засега се минимални. Од руското МНР изразија подготвеност да разговараат со САД за размена на затвореници...

164-ти ден од војната во Украина. Киев и Москва со меѓусебни обвинувања за нападот врз нуклеарната електрана во Запорожје. Според официјални лица, шансите за успешен дијалог засега се минимални. Од руското МНР изразија подготвеност да разговараат со САД за размена на затвореници.
Во меѓувреме, Москва прогласи 14 бугарски дипломати за персона нон грата како одговор на потегот на Софија која протера 70 членови на руската дипломатска мисија поради сомнение за шпионажа.
Максималните досегашни напори во економијата со минимални резултати. Шефот на Кремљ Путин и турскиот претседател Ердоган во Сочи успеаја да се договорат плаќањето на рускиот гас да се врши во рубљи. Од украинските пристаниште вчера испловија уште три брода со жито.
