Свет

Годишнина од атомската бомба врз Хирошима

06.08.2022 10:41

Генералниот секретар на ОН Гутереш со предупредување до глобалните велесили, на светот му се закануваат неколку потенцијални жаришта на нуклеарна војна. Тој е првиот шеф на ОН кој присуствува на годишниот настан по неговиот претходник Бан Ки Мун кој беше дел од церемонијата во 2010 година...

Хирошима ја одбележува 77. годишнина од атомската бомба која го изгоре до темел овој јапонски град во последните денови од Втората светска војна. Генералниот секретар на ОН Гутереш со предупредување до глобалните велесили, на светот му се закануваат неколку потенцијални жаришта на нуклеарна војна. Тој е првиот шеф на ОН кој присуствува на годишниот настан по неговиот претходник Бан Ки Мун кој беше дел од церемонијата во 2010 година.

Кризите со сериозни нуклеарни поттонови се шират брзо, од Блискиот Исток до Корејскиот Полуостров, до руската инвазија во Украина. Неприфатливо е земјите кои поседуваат нуклеарно оружје да ја признаат можноста за нуклеарна војна. Мојата порака е да ја тргнат од маса оваа опција еднаш засекогаш, порача Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

На 6 август 1945 година, во 8 часот и 15 минути, САД ја фрлија атомската бомба која усмрти околу 140 илјади луѓе.