„Маркарт“ интензивно се гради во велешката зона Каласлари
Наскоро германската инвестиција „Маркарт“ ќе ги исцрта контурите на објектот во велешката зона „Каласлари“. Ќе се раздвижи економијата, ќе заживеат малите фирми и ќе се вработат млади стручни кадри...

Идустриската зона Караслари наликува на рудник со површински коп. Највисоката точка во зоната ќе биде спуштена за цели 10 метри. Десетина багери и 40 транспортни возила работат на нивелирање на земјиштето.
„Добро напредуваат работите овој период бидејки и самите изведувачи кажуваат дека се движат во дневните предвидени квоти за ископ на земја и планираат дека во наредниот период ќе бидат готови согласно динамиката која ја имаат“, рече Славчо Чадиев, градоначалник на општина Велес.
„Маркарт“ е една од поголемите странски инвестиции во Македонија. За градот во кој транзицијата создаде многу невработени ова е можност за сигурно вработување.
„За Велес ова беше насушна потреба,толку невработени млади луѓе има...Очекуваме повеќе вработувања на младите“, велат анкетираните велешани.
Отварањето на нови работни места е само еден сегмент од позитивните придобивки кои локалната економија ќе ги почуствува, сметаат експертите.
„Реално е да се очекува дека ќе придонесе за забрзан развој на веќе постоеќки компании во регионот и задржување на постоечките компании и привлекување на нови инвестиции особено ако с еима во предвид веќе одредени инфраструктурни зафати во делот на изградба на индустриски зони“, рече Игор Андреев, доктор по економски науки.
Според плановите на инвеститорот првите автомобилски делови произведени во фабриката во Каласлари треба да бидат отприлика за 12 месеци. Во оваа фабрика предвидено е вработување на 600 лица, а целата инвестиција чини 35 милиони евра.
Дијана Иванова
