Свет

Најмалку 11 лица загинаа во автобуска несреќа во Хрватска

06.08.2022 11:10

Најмалку 11 лица загинаа, а поголем број се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 5 и 40 часот на хрватскиот автопат во правец кон Загреб, меѓу местата Јарек Бишашки и Подворец...

Најмалку 11 лица загинаа, а поголем број се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 5 и 40 часот на хрватскиот автопат во правец кон Загреб, меѓу местата Јарек Бишашки и Подворец.

Автобус со полски национални таблички излетал од патот. Според сè уште неофицјлани информации има и над 25 потешко повредени лица.

На терен се полициски екипи, брза помош и противпожарните служби.