Здравство

Метеж во дежурните пунктови

06.08.2022 15:29

Лекарите од дежурните пунктови во поликлиниките со полни раце работа. Ако порано ноќе доаѓаа хронично болни, сега доминираат заразените со коронавирус...

Висока температура, премаленост, тешко дишење, најчести причини за двојно зголемената фреквенција на пациентите во ноќните часови во дежурните пунктови во поликлиниките во Скопје. Пред летните одмори во Поликлиниката во Ченто, на пример имало по четириесет пациенти ноќе, сега бројката достигнува и до 80 прегледи. Порано доаѓаа хронично болните ама сега доминираат ковид позитивните.

„Сите имаат право на годишни одмори, кога матичните лекари заминуваат на одмор нашите служби на некој начин ги менуваат, ние правиме натчовечки напори и нашите лекари да заминат на одмор, а граѓаните да не останат без лекарска грижа“, вели раководителката на Итната медицинска помош, д-р Милица Бубало,

Во Поликлиниките во Ѓорче Петров, Јане Сандански, Драчево, Ченто, Бит Пазар, Чаир, Шуто Оризари има медицински тимови кои стојат на располагање.

Корона вирусот е причината поради тегобите кои ги чувствуваат граѓаните и бараат помош во ноќните часови во дежурните служби во седумте поликлиники во градот Скопје.

Наташа Јанчиќ Менковски