Македонија

Прилеп: Мешани патроли во обиколка на парковите и кафулињата

06.08.2022 16:52

Полицијата заедно со родители, изминатава ноќ во мешани патроли ги обиколи парковите и кафулињата во Прилеп. Останува проблемот со точење алкохол на малолетници. Родителите бараат уште почести контроли...

Паркови, кафулиња, низ прилепската чаршија. Мешаната полициско-родителска патрола ноќеска во Прилеп тргна по одговорите каде, со кого и на кој начин нивните малолетни деца ги поминуваат вечерните часови.

Во два угостителски објекта биле затекнати пет малолетници кои консумирале алкохол за што ќе има пријави. Други девијантни однесувања немало, велат од полицијата. Младите би разговарале, но не пред камери.

По случувањата во Прилеп последно време, евидентно е зголеменото полициско присуство. Родителите сакаат почести патроли.

Ваквите мешани, соседски патроли ќе продолжат и во наредниот период.

Елизабета Митреска