На 75 годишна возраст почина новинарот и публицист Јанко Николовски
Утрово, на 75 годишна возраст почина новинарот и публицист Јанко Николовски. Роден е во 1946 година во Скопје, каде што завршил правен факултет. Својата кариера ја започна во 1970 година во тогашната телевизија Скопје, прво како новинар, а потоа и како уредник на актуелно-политички емисии. Добитник е на две државни награди: „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за новинарство и награда за публицистика...

Утрово, на 75 годишна возраст почина новинарот и публицист Јанко Николовски. Роден е во 1946 година во Скопје, каде што завршил правен факултет. Својата кариера ја започна во 1970 година во тогашната телевизија Скопје, прво како новинар, а потоа и како уредник на актуелно-политички емисии. Добитник е на две државни награди: „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за новинарство и награда за публицистика.
Николовски беше член на неколку експертски групи на советот на Европа во Стразбур, за прашања поврзани со слободата на медиумите. Во 2006 година беше избран за прв претседател на комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, каде остана до своето пензионирање. Потоа, тој продолжи да биде активен на полето на публицистиката, со издавање публикации и статии на тема слобода на медиуми.
Погребот на Јанко Николовски ќе се одржи утре, во 9 часот на гробиштата во Бутел.
