Македонија

Анкета ИПСОС: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

06.08.2022 18:01

Според резултатите, на прашањето за кого би гласале доколку на следните избори би се кандидирале само партии, а не коалиции, за ВМРО-ДПМНЕ се определиле 19,7 проценти од испитаниците, а за СДСМ 9,5 отсто, па следуваат ДУИ со поддршка од 6,2 отсто, Левица со 5,9, Алијанса со 2,8 и другите партии...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави теренска анкета од агенција ИПСОС.

Спроведена е на 1.014 испитаници во периодот од 1-ви до 18-ти јули.

Според резултатите, на прашањето за кого би гласале доколку на следните избори би се кандидирале само партии, а не коалиции, за ВМРО-ДПМНЕ се определиле 19,7 проценти од испитаниците, а за СДСМ 9,5 отсто, па следуваат ДУИ со поддршка од 6,2 отсто, Левица со 5,9, Алијанса со 2,8 и другите партии.

Во анкетата, испитаниците како најголеми проблеми ги посочиле економската состојба, лошиот стандард, францускиот предлог, поларизираното општество, корупцијата. 58 отсто одговориле дека не го поддржуваат францускиот предлог.

На скалата од 1 до 5, 36 проценти од анкетираните му дале единица на премиерот Ковачевски, 8 отсто му дале чиста петка, а 20 проценти неговата работа ја оцениле со тројка.

Од СДСМ коментираат дека анкетата е нарачана од Мицкоски со единствена цел да си ја зачува партиската фотелја. „фингираните анкети, исто како и референдумот служат единствено за лична внатрепартиска употреба на Мицкоски“, велат од СДСМ.