МААЕ: Опасност од гранатирањето на нуклеарната централа во Запорожје
Меѓународната агенција за атомска енергија изрази загриженост поради гранатирањето на нуклеарката во Запорожје. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, револтиран од пасивниот однос на Амнести Интернешнал за, како што вели, „нуклеарниот терор на руската армија“...

Меѓународната агенција за атомска енергија изрази загриженост поради гранатирањето на нуклеарката во Запорожје. Претседателот на Украина Володимир Зеленски револтиран од пасивниот однос на Амнести Интернешнал за, како што вели, „нуклеарниот терор на руската армија“.
„Иако руското ракетирање на нуклеарната централа е едно од најопасните злосторства против Украинците и сите Европејци, против сечиј живот, од некоја причина, нема ни извештај ни забелешка од Амнести Интернешнл за ова. Многу елоквентна тишина, која уште еднаш ја покажува манипулативната селективност на оваа организација“, изјави : Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Украинските власти тврдат дека руски ракети погодиле индустриски округ во Харков. Од руското МО соопштија, пак, дека уништиле поголем дел од оружјето на непријателот во истиот град.
