Свет
Куба: Голем пожар во складиште за нафта во Матанзас
07.08.2022 11:32
Седумнаесет исчезнати, а 77 повредени во големи пожар во складиште за нафта предизвикан од удар на гром во западна Куба. Владата упати повик за меѓународна помош. Евакуирани се стотици лица...

Седумнаесет исчезнати, а 77 повредени во големи пожар во складиште за нафта предизвикан од удар на гром во западна Куба. Владата упати повик за меѓународна помош. Евакуирани се стотици лица.
Според надлежните, системот за заштита не можел да го апсорбира силното електрично празнење.
Островот од мај се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија поради зголемената потрошувачка во летната сезона. Надлежните претходно воведоа рестрикција која во некои делови трае 12 часа, поради што беа организирани дваесетина протести.
