САД

Трамп: Посетата на Пелоси е кинески сон

07.08.2022 11:41

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп со остра критика до претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси за нејзината посета на Тајван. На митингот на конзервативците во Далас, ја нарече „Луда Ненси“, а нејзиното патување, кинески сон“...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп со остра критика до претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси за нејзината посета на Тајван. На митингот на конзервативците во Далас, ја нарече „Луда Ненси“, а нејзиното патување, кинески сон“.

Жената прави хаос. Токму тоа се случи во Кина и Тајван. Таа им даде изговор. Го бараа тој изговор, таа им го даде. Сè што ќе допре се претвора вознаете што“, рече поранешен претседател на САД, Доналд Трамп.

Пекинг неделава почна воени вежби како одговор на посетата на Пелоси. Околу десет бродови од двете страни и натаму се во близина на средната линија во Тајванскиот теснец. Иако Тајван е независен од 1949 година, Кина сè уште тврди дека има суверенитет над островот. Пекинг бара меѓународната заедница да се обедини против притисокот од САД и мешањето во внатрешните работи во другите земји.