Свет

Газа: Убиен уште еден лидер на Исламски џихад

07.08.2022 11:45

Израелската армија уби уште еден од водачите на палестинската група Исламски џихад во Појасот Газа. Калид Мансур загина во израелски воздушен напад во градот Рафах...

Израелската армија уби уште еден од водачите на палестинската група Исламски џихад во Појасот Газа. Калид Мансур загина во израелски воздушен напад во градот Рафах. Утре Советот за безбедност на ОН на вонредна седница во врска со ескалацијата на конфликтот.

Според проценките на израелската армија, во првата серија воздушни напади биле елиминирани 15 екстремисти, меѓу кои и командантот на бригадата Ал Кудс која е вооружено крило на палестинскиот Исламски џихад.