Депонии во националниот парк Шар планина
Лешница однадвор, горда убавица, заштитен знак на Шар планина. Лешница внатре, тажна мини депонија. Планинарите бараат еколошки акции за чистење, но и ригорозни контроли и казни за загадувачите на Националниот парк...

Лешница однадвор, горда убавица, заштитен знак на Шар Планина, бисер на Националниот парк, a Лешница внатре, тажна мини депонија. Ова се само дел од реакции на планинарите, околу еколошка состојба во Националниот пар Шар Планина. Јавната свест мора да проработи, а службата на паркот, да има поголема контрола во шумските подрачја.
Да биде катастрофата уште поголема, купишта смет има и длабоко во планината во најзаштитените зони, каде сега секој може да стигне со отворањето на пристапни патишта, реагираат планинарите.
Од Министерството за животна средина и Националниот парк Шар Планина, се пофалија исчистиле дваесетина диви депонии на Шара и ги повикаа општините да се вклучат во ваквите акции, согласно Законот за управување со отпад.
Последните статистики, говорат дека една третина од собраниот отпад не завршува во стандардизираните депонии, туку сметот се трупа на различни локации, пред сè во шумските подрачја, реките и езерата.
Зоран Димовски
