Експертите со апел, да се зајакне домашното производство на електрична енергија
По повикот од Меѓународниот монетарен фонд до европските влади да не ја субвенционираат скапата струја и да дозволат трошокот да падне на грбот на граѓаните за да се научат да штедат, домашни експерти советуваат – мора да се зголеми домашното производство зашто тоа е единствениот спас од кризата. Според професорот Константин Димитров, нема време за чекање, веднаш мора да се отстранат административните пречки за поставување сончеви колектори...

Трошокот од високите цени на струјата да падне на товар на потрошувачите, политиките на субвенционирање ќе ги втурнат економиите во рецесија, владите да престанат да финансираат од државната каса за граѓаните да штедат. По пораките на Меѓународниот монетарен фонд упатени до европските влади, експертите со апел, да се зајакне домашното производство, далеку поевтино од берзанските цени, државата да не чека, да се снабди со гас и јаглен навреме, увозот станува скап и несигурен.
Финансиската поддршка од буџетската каса за одредени категории амортизира дел од трошоците на семејствата, од една страна помага, но удира на стопанството кое по владините најави чека кризна состојба за да добие пари, па излез бара во покачување на цените на производите, за МТВ објаснува професорот Димитров.
Димитров за МТВ вели, од економско политички причини и други приоритети не вложуваше во изградба на домашните електроенергетски капацитети од една страна и нема обезбедено навреме гас и јаглен во време кога се првата залихи. Апелира да се тргнат административни пречки, граѓаните да постават сончеви колектори што ќе помогнат да се амортизира потрошувачката.
Новите поскапувања на струјата допрва се очекува да ги набилдаат сметките за струја со почетокот на грејната сезона.
Владата се обврза пред бизнисот во текот на зимата да не се затворат границите за увоз, ТЕЦ „Неготино“ и „Тето“ да работат, мазут да се пушти на слободниот пазар, лесната индустрија да постави фотоволтаици за да се одбрани од ценовниот шок
Сузана Фиданска Стоевска
