Македонија

На „Табановце“ запленети над 13 килограми злато и 30.000 евра

08.08.2022 09:12

Запленетото злато е со проценета вредност од над 600.000 евра. Автобусот бил со македонски регистарски ознаки на редовна линија од Пореч, Хрватска, до Гостивар.

Голема заплена на „Табановце“. Цариниците од овој граничен премин во автобус на влез во Македонија откриле и привремено запленија 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра.

Запленетото злато е со проценета вредност од над 600.000 евра. Автобусот бил со македонски регистарски ознаки на редовна линија од Пореч, Хрватска, до Гостивар.

При прегледот со мобилен скенер воочени биле неправилности во кровната конструкција, каде цариниците пронашле разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма.

Непријавената стока е предадена на Одделението за истраги за понатамошна постапка.

Дополнително, кај еден од возачите биле пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои бил изготвен записник за девизен прекршок, соопшти Царинската управа.