Се одбележува 21 година од загинувањето на десетте припадници на АРМ
На осми август, 2001-ва година, армискиот конвој беше нападнат од заседа при што загинаа десет прилепски резервисти...

Дваесет и една година од загинувањето на десет припадници на АРМ кај месноста Карпалак. На осми август, 2001-ва година, армискиот конвој беше нападнат од заседа при што загинаа десет прилепски резервисти.
Делегација предводена од началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од Мистерството за одбрана, положија венец пред спомен- плочата кај месноста Карпалак.
Вчера, Владата претставена од Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата, во Прилеп, пред споменикот на загинатите бранители во кругот на касарната „Мирче Ацев“ со положување цвеќе и оддавање почит го започна одбележувањето на 21-годишнина од загинувањето на десет армиски припадници кај месноста Карпалак во вооружениот конфликт во 2001-ва година.
