ТУРЦИЈА
Боздак: Нема прием за Шведска и Финска во НАТО додека не ги исполнат своите обврски
08.08.2022 09:52
Турција претходно соопшти дека меморандумот потпишан на маргините на Самитот на НАТО во Мадрид не е конечен.

„Турција нема да го поддржи приемот на Шведска и Финска во НАТО додека тие држави не ги исполнат своите обврски во врска со борбата против тероризмот“, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздак.
Според него, Анкара се уште нема добиено никаков одговор за екстрадиција на лица вклучени во терористички активности.
Турција претходно соопшти дека меморандумот потпишан на маргините на Самитот на НАТО во Мадрид не е конечен.
Стокхолм и Хелсинки поднесоа барање за влез во Алијансата поради руската инвазија на Украина.
