ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите откриваат зошто Ковачевски бега од народот и од избори
Ковачевски од страна на граѓаните не добил ниту пролазна оценка. Анкетата на ИПСОС го покажува огромното незадоволство и револт, соопштуваат од опозициската партија...

ВМРО-ДПМНЕ со два и пол пати поголем рејтинг од СДСМ, Ковачевски ќе биде згазен од народот на следните избори, покажува најновата теренска анкета на ИПСОС спроведена на 1.014 испитаници во период од 1 до 18 јули годинава. ВМРО-ДПМНЕ би издвојувала убедлива победа на следните избори, а тоа го потврдуваат и процентите- велат од опозициската партија.
Ковачевски од страна на граѓаните не добил ниту пролазна оценка. Анкетата на ИПСОС го покажува огромното незадоволство и револт од страна на граѓаните кон владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, и јасно потврдува дека неопходни се промени. На граѓаните им е преку глава од катастрофалните и штетни политики, не поминуваат веќе лагите и манипулациите од страна на СДСМ и Ковачевски, нагласуваат од партијата.
Ковачевски и СДСМ се свесни дека ќе ги изгубат изборите и затоа бегаат, бидејќи бројки покажуваат дека Македонија и граѓаните се за промени, а релевантноста на анкетите СДСМ и Ковачевски ќе ја видат на следните избори- стои во соопштението.
