СДСМ: Блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ се осудени на порази
Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев преку блокади на Собранието, преку закани и клевети до крвави и насилни сценарија со обидоа да создадат поделби и конфликти во општеството со цел да ја дестаблизират државата...
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство кои ги предводи, ги реализира стратешките цели на државата. Република Северна Македонија денес е 30 земја членка на НАТО, најмоќниот глобален безбедносен сојуз. По 17 години минати во чекалната, конечно заслужено ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, соопштуваат од владејачката партија.
Од друга страна, наспроти државничкото и одговорно однесување на СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски прават сѐ за да ја загрозат европската иднина на државата.
Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев преку блокади на Собранието, преку закани и клевети до крвави и насилни сценарија со обидоа да создадат поделби и конфликти во општеството со цел да ја дестаблизират државата.
Сѐ додека стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразувани, стои во соопштението.
