Во Украина напнато во пресрет на преговорите во Женева
Руските медиуми пренесуваат дека во украинската акција за преземање на аеродромот загинале помеѓу 4 и 11 лица...

Во Украина врие во пресрет на мировните преговори во Женева. Специјалните украински сили ја задржале контролата над аеродромот во Краматорск на истокот на земјата којшто претходно беше под контрола на проруските сили.
Руските медиуми пренесуваат дека во украинската акција за преземање на аеродромот загинале помеѓу 4 и 11 лица.
Киев без податоци за евентуални жртви. Путин во телефонски разговор со германската канцеларка Меркел предупредил дека ескалација во Украина ја довела земјата на работ на граѓанска војна.
Двајцата лидери изразиле надеж дека состанокот во Женева ќе биде јасен сигнал за враќање на состојбата во мирни рамки. Во случај состанокот да пропадне, САД најавија нови санкции за Москва. НАТО уште еднаш ја повика Русија да ги повлече своите трупи од границата.
