Македонија

Муареми најави кривични пријави за три обвинителки

08.08.2022 10:08

Муареми смета дека за време на нивниот претрес на Финансиската полиција сторена била злоупотреба на службената положба и фалсификување службени исправи.

Како што најави директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, од денеска би требало да поднесе кривични против три обвинителки од Обвинителството за организиран криминал, меѓу кои и шефицата Вилма Русковска.

Муареми смета дека за време на нивниот претрес на Финансиската полиција сторена била злоупотреба на службената положба и фалсификување службени исправи.

Според Финансиската полиција, обвинителките до судот доставиле лажни податоци за да добијат налог за претрес, со што бил прекршен Законот за кривична постапка.

Обвинителката Русковска пред неколку дена се пожали на притисоци од владини именувани лица и побара помош од меѓународниот фактор. Оттаму со одговор - случајот мора да го решат надлежните органи во Македонија.

Русковска, по најавите за тужби од Муареми, истакна дека врз неа се врши притисок и предупреди дека ќе ги објави наодите за кои тврди дека ги има против Муареми.