Свет
Газа: Регистрирано ракетирање и по прекинот на огнот
08.08.2022 10:09
Прекинот на огнот официјално стапи на сила во 23:30 часот. Примирјето беше поздравено од пратеникот на ОН за Блискиот Исток Тор Венесланд.

Предупредувачки сирени во израелските градови на границата со Појасот Газа и по активирањето на прекинот на огнот меѓу Израел и палестинскиот исламски џихад. Еден проектил бил пресретнат од „Железната купола“, систем за противвоздушна одбрана, над градот Мивтахим.
Прекинот на огнот официјално стапи на сила во 23:30 часот. Примирјето беше поздравено од пратеникот на ОН за Блискиот Исток Тор Венесланд.
Тој најави посета на затворениците на исламскиот џихад во израелските затвори за чие ослободување се бори оваа организација.
