ЦУК

Еден активен и 12 изгаснати пожари во последните 24 часа

08.08.2022 10:14

Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци е сè уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума.

Има еден активен пожар и 12 изгаснати во последните 24 часа-информираат од Центарот за управување со кризи.

Пожарот кај село Фурка меѓу општина Дојран и Богданци е сè уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума.

Во гаснењето се ангажирани Територијалната противпожарна единица Гевгелија со 14 пожарникари и три противпожарни моторни возила. Приклучени во гаснењето се и доброволното противпожарно друштво Дојран, комуналец Гевгелија и Дојран, Јавно претпријатие Национални шуми, а во испомош е и Противпожарната единица од Кавадарци и Валандово.

Пожарот кај село Фурка е активен на кракот на западната страна на пожарот кон Богданци и мал крак кон рибник Елита.