САД

Американскиот Сенат го усвои планот на Бајден за климата и здравјето

08.08.2022 10:42

Секој Американец ќе добие и до 7.500 долари за електрично возило, а Владата ќе учествува со 30 проценти за поставување соларни панели на покривот.

По 18 месеци преговори и маратонска сесија, американскиот Сенат го усвои главниот климатски и здравствен план на претседателот Џо  Бајден. Во него, меѓу другото, е опфатена најголемата американс каклиматска инвестиција.

Секој Американец ќе добие и до 7.500 долари за електрично возило, а Владата ќе учествува со 30 проценти за поставување соларни панели на покривот.

Реформата предвидува и зајакнување на отпорот на шумите против големите пожари. Предвидени се и 64 милијарди долари инвестиции во здравството и постепено намалување на цените на некои лекови.