Свет

Инаугуриран Густаво Петро, првиот левичарски претседател на Колумбија

08.08.2022 10:47

62-годишниот поранешен член на герилската група М-19 и сенатор вети и враќање на дипломатскиот однос со Венецуела.

Во Богота инаугуриран Густаво Петро - првиот левичарски претседател на Колумбија. Ветува обединување на поларизираното општество во борбата против нееднаквоста и климатските промени, и бара нова меѓународна стратегија за борбата против трговијата со дрога.

62-годишниот поранешен член на герилската група М-19 и сенатор вети и враќање на дипломатскиот однос со Венецуела.

Првата наредба како претседател беше војската да го донесе на плоштадот мечот на латиноамериканскиот херој Симон Боливар кој во 1974 година беше украден од бившите соработници на Петро од М-19.