Казнети 430 возачи за брзо возење на територија на државата
22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 430 возачи.
Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 232 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 198 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
