Софија- Скопје

Милков: За Северна Македонија ќе усвоиме писмен документ со конкретни обврски

08.08.2022 12:35

Прва прес- конференција на новиот, привремен министер за надворешни на Бугарија, Николај Милков, и неизбежна тема македонско-бугарските односи...

Прва прес- конференција на новиот, привремен министер за надворешни на Бугарија, Николај Милков, и неизбежна тема македонско-бугарските односи. За присуството на генералниот конзул при увидот во културниот центар Иван Михајлов во Битола, Милков смета дека неговото присуство не било проблем бидејќи не се мешал во работите на комисијата. Милков зборува и за наредните потези на Софија со Скопје.

„Во односите со Северна Македонија се наоѓаме во етапа во која на прво место треба да ја организираме координацијата на различни институции, за тоа ни претстои усвојување на писмен документ кој ќе ги дефинира нивните задачи. Така ќе биде постигнат систематски настап со одговорности и резулати. Се надевам и дека во Северна Мкаедонија ќе има постапка за консолидација на односите во позитивниа насока, зашто и да имаме кај нас консензус за односоите со неа, таму тој консензус не се гледа многу јасно.  Таму има една партија која е отворена за дијалог и втора, која е против и затоа сметам смета дека работите ќе станат попрецизни ако за партнер ја имаме државата, а не тамошните партии“, изјави Милков.