Се преврте траект кај брегот на Јужна Кореја

16.04.2014 10:40

Најмалку две лица загинаа, 13-мина се повредени, а 107 се водат како исчезнати кога се превртел траект кај брегот на Јужна Кореја. Повеќето од патниците биле ученици. Евакуирани биле 368, вклучувајќи ги и 13-те повредени, но се стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми бидејќи повеќето од исчезнатите останале заробени во траектот.

„Ни беше речено да бидеме мирни, но бродот веќе тонеше и имаше многу ученици што не излегоа од NEGO“. - преживеан

„Ќе спроведеме истрага за 107-те лица што се водат како исчезнати, а ќе испратиме и кран за да го крене бродот“. - Ли Џијонг-ог, заменик министер за безбедност и јавна администрација на Јужна Кореја

Бродот целосно потонал во рок од два часа, а се уште не се познати причините за потонувањето.