Започнува аплицирањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје
Со цел поттикнување на развојот на традиционалните занаети преку субвенционирањето на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територија на градот Скопје, преку Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2022 година во Буџетот на Град Скопје предвидени се средства во висина од 500.000,00 денари. Паричната субвенција изнесува 10.000 денари по апликант.

Град Скопје, денеска објави повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје.
Со цел поттикнување на развојот на традиционалните занаети преку субвенционирањето на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање на територија на градот Скопје, преку Програмата за финансирање на проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на Град Скопје за 2022 година во Буџетот на Град Скопје предвидени се средства во висина од 500.000,00 денари. Паричната субвенција изнесува 10.000 денари по апликант.
Право на учество на јавниот повик имаат: Занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од Град Скопје во тековната година; и Занаетчиите кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање, кои согласно обработените податоци бележат намалување на активноста во континуитет, и тоа следните занаети: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија).
Барањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање до Град Скопје со комплетна документација треба да се достави во затворен плик на адреса: Град Скопје, Сектор за локален економски развој, бул. “Илинден“ бр.82, 1000 Скопје (со назнака – Пријава за јавен повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје), најдоцна до 10.12.2022 година.
Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „Прв дојден прв услужен“.
